Фолк-пејачот Џани ѝ купи на сопругата луксузна вила од 250.000 евра покрај Сава

Фолк-пејачот Џани ѝ купи на сопругата луксузна вила од 250.000 евра покрај Сава

пред 2 години

Фолк-пејачот Радиша Трајковиќ Џани ѝ купи на сопругата Слажа вила покрај реката Сава. За новата вила тој платил 250.000 евра, пренесоа српските медиуми. Вилата, како што велат неговите пријатели, ќе им послужи и на двајцата за да избегаат од градскиот метеж.

„Џани не сака премногу луѓето да знаат за нивната вила. Тој таму сака да најде мир и засолниште. Уште пред неколку години одлучи парите кои ги заработи од тезгите да ги вложи во вилата која се наоѓа покрај реката Сава. Ја послуша сопругата и сфати дека најдобра опција му е да вложи во недвижности“, рече извор близок до него.

Тој дополни дека пејачот најголем дел од времето на пролет и лето го минува во новата вила. Местото има базен, палми и сето она што им е неопходно за да уживаат во луксуз. Не се знае точно колку плати за неа, но се шпекулира дека го чинела околу 250.000 евра. На плацот има и кошаркарски терен кој ретко кој од семејството го користи“, рече друг близок пријател на пејачот.

Тој рече дека за Џани безбедноста на семејството му е на прво место и дека пред неговата нова вила се наоѓа и камп-приколка во која дежура неговото лично обезбедување.

„Тие го обезбедуваат местото 24/7. Покрај тоа, местото има инсталирано камери од каде може да се надгледуваат сите обиди за влез“, додаде изворот.

За потсетување, Џани претходно купи и три стана во луксузна населба во Белград. Во едниот живеат тој со сопругата Слаѓа, а во другите два планира да им ги остави на синовите.

Неговиот стан од 100 квадрати чини околу 460.000 евра, додека другите два стана се во фаза на градба и ќе бидат завршени за 3 години. Тие го чинеа пејачот 290.000 евра.

 

Share
Scroll to Top