Фонтаната „Ди Треви“ во Рим неделно собира 1.500 евра помалку од лани

Фонтаната „Ди Треви“ во Рим неделно собира 1.500 евра помалку од лани

пред 2 години

Од најголемата туристичка атракција во Рим Фонтата ди Треви неделно се собираат околу 1.500, а годишно милион евра.

Туристите веруваат дека нивните желби ќе се остварат доколку фрлат паричка во фонтаната преку рамо. Поради овие причини, илјадници луѓе се собираат пред фонтаната и фрлаат паричка.

Хуманитарното здружение на Католичката црква Каритас секојдневно го празни овој објект и собраните пари ги дели на најзагрозените. Од овие средства во 2008 година отворија супермаркет со пониски цени од пазарните, каде што се снабдуваат најсиромашните.

Фонтаната во хотелот Белаџо во Лас Вегас заработува 12.000 долари годишно, онаа во Дизниленд 18.000, додека фонтаната на 11 септември Меморијалниот центар во САД собира 3.000 долари, иако во неа не е дозволено да се вметнуваат пари. Бакингемската фонтана во Чикаго, една од најголемите во светот, заработува само 200 долари годишно.

Share
Scroll to Top