Охрид викендов е полн со туристи од цела Македонија. Топлото време ги натера да дојдат и се искапат во езерото. Иако градот беше полн, најмногу гужва имаше на плажите и сите се ладеа со пиво и коктели.
Најмногу посетители имаше на плажата Оревче, а можеше да се види како некои се журкаат на глисери и суп даски во Охридското езеро.
За потсетување, Македонија деновиве е во портокалова фаза и температурите некаде достигнаа и до плус 40 степени, па многумина избегаа во Охрид, а меѓу нив беа и политичари.
ж ж