Фотограф објави зумирана слика од лице на мравка, личи на чудовиште од хорор филм

Фотограф објави зумирана слика од лице на мравка, личи на чудовиште од хорор филм

пред 2 години

Литванскиот фотограф Еугенијус Кавалиаускас објави слика од зумирано лице на мравка, а на социјалните мрежи велат дека сликата е страшна и личи на чудовиште од хорор филм. Фотографијата на Кавалиаускас беше дел од натпреварот Nikon Small World Photomicrography, чија цел беше да се прикажат детали од светот кои човечкото око не може да ги види.

dobivaj vesti na viber

Евгениј решил да го зголеми лицето на мравката петпати под микроскоп. Во интервју за магазинот „Инсајдер“ тој рекол дека оваа задача не му била тешка бидејќи живее во близина на шума.

„Главната цел на фотографирањето е истражување. Фасциниран сум од божјите ремек-дела и можноста да ги набљудувам. Кога првпат влегов во светот на микрофотографијата, мислев дека сите инсекти изгледаат малку како чудовишта, но во меѓувреме се навикнав на тоа“, кажал тој.

Иако фотографијата предизвика огромно внимание, тој не ја освои главната награда на споменатиот натпревар. Победници се Григориј Тимин и Мишел Милинкович, кои ја фотографираа раката на ембрион на џиновски дневен геко од Мадагаскар.

Share
Scroll to Top