(Фото) Автопортрет на Курт Кобејн се продаде за 281.000 долари

(Фото) Автопортрет на Курт Кобејн се продаде за 281.000 долари

пред 3 години

Автопортрет во вид на карикатура што го нацртал Курт Кобејн 1992 година се продаде на аукција за 281.000 долари. Делото се продаде преку аукциската куќа „Џулиенс“, а првичната цена беше 10.000 долари.

Фронтменот на „Нирвана“ на карикатурата е прикажан како свири гитара и напишал: „Не знам да свирам и баш ми е гајле“.

Цртежот е насликан за време на гостувањето на „Нирвана“ во Сингапур, на промоцијата на албумот Nevermind и првично бил подарок за фотографот Жак Чонг, кој го дружел Кобејн во тој период.

 

Share
Scroll to Top