Латино – aктерката и пејачка, Талија Соди, ја краси насловната на мексиканскиот „Вог“.
Талија, која во август ќе го прослави 50-тиот роденден, се најде на страниците на февруарското издание на списанието.
За фотосесијата, Талија, која кај нас се прослави по улогата на Росалинда во истоимената теленовела, позираше во модели од врвни модни куќи. Валентино, Алтузара, Џејмс Перс и Прада се само дел од брендовите кои влегоа во комбинациите на мексиканската ѕвезда.