Ѕвездата на Гранд, Андријана Петрушовска објави нови секси фотографии во долна облека од тантела. Сликите ги направи неодамна со фотографот Бед Стеф и оттогаш повремено објавува по неколку од нив.
Со една серија фотки најави дека ќе пее на Макфест и рече дека сцената во Штип ќе гори, а сега вели: „Секогаш оставете ги луѓето подобри откако кога ги запознавте. Гушнете ги повредените. Бакнете ги скршените. Спријателете се со изгубените. Сакајте ги осамените“.
Фановите и овој пат ѝ кажаа дека е жешка. Имаше и такви што ѝ напишаа дека се осамени и повредени, па побараа од неа да ги гушне.