(Фото) Атиџе и Сузана распеани на час по музичко, медената шаманка се дружеше со учениците во школо

(Фото) Атиџе и Сузана распеани на час по музичко, медената шаманка се дружеше со учениците во школо

пред 3 години

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева ја донесе Атиџе Муратова на час по музичко во школото каде таа работи како наставничка. Сузана вели дека ѝ ја исполнила желбата на една од нејзините ученички, Дени Жерновска, да се запознае со хероината од „Медена земја“.

„Одлучив да ѝ ја исполнам желбата и да ја запознаам со Атиџе, па сите заеднички да запееме“, напиша Сузана на „Фејсбук“ и сподели нивни фотографии.

Дени е предвремено родено дете со исклучителен талент. Таа сега е осмооделенка и пишува песни, изработува честитки и пее во училишниот хор. И покрај физичката попреченост, таа посетува настава и оди на часови по танц.

Сузана и Атиџе веќе неколку дена се заедно на часовите по музичко, а поради коронавирусот, тие преку онлајн-настава и видео се дружеа и со нејзините други ученици.

За потсетување двете се почесто имаме можност да ги гледаме како се дружат. Неодамна заедно ја прославија изградбата и реновирањето на новата куќа на Атиџе во Дорфулија.

Share
Scroll to Top