Холивудскиот актер Бред Пит во склоп на соработката со италијанскиот моден бренд „Бриони“ ќе се проба и во улога на моден дизајнер, за колекцијата наречена „БП Потпис“ (BP Signature).
Преку колекцијата „БП Потпис“ Бред заедно со италијанскиот бренд за машка облека, имаа за цел да претстават ексклузивна колекција, дизајнирана во стилот на облекување на актерот.
Пит е заштитно лице на „Бриони“ од 2019 година, меѓутоа ова е првпат брендот во сопственост на француската луксузна куќа „Кер“ да претстави ваква соработка.
„БП Потпис“ е достапна во продавниците на „Бриони“ како и на нивниот официјален веб сајт. Колекцијата од седум делови, според соопштението за јавност, вклучува „одело, поло пуловер од кашмир со долги ракави, спортска јакна од кашмир, лесен капут и јакна од сомот со волнени панталони и фини памучни кошули“.
Актерот во меѓувреме го снима својот нов филм наречен „Bullet Train“, заедо со актерката Сандра Булок. Филмот зборува за атенатори од Јапонија, а истиот е во режија на Дејвид Лич.