Глумецот Бред Пит дојде во Рим да ги види Анџелина Џоли и децата. Како што пренесуваат медиумите Џоли е среќна што бившиот дошол да ги види во Италија, каде го снима новиот филм.
Папараците го снимија Бред на аеродромот во Рим. Бил лежерно облечен во кафени ленени панталони и маица, а на главата носел бела рибарска капа. Имал и гитара на грбот.
Бред и Џоли беа еден од најпознатите двојки во светот сè до моментот кога се разведоа. Со години се препукуваа по судовите околу старателството и поделбата на имотот.
„Од таа причина сега чуди тоа што Џоли е среќна што го гледа“, открива извор близок до нив.
„Џоли во Рим го снима новиот филм Whitout Blood и наводно поради густиот распоред и обврски е под голем стрес“, дополни тој. За да ѝ помогне околу децата Бред стигна во средата во Рим. Тој треба да се види со 14 годишните близнаци Вивиен и Кнокс Џоли-Пит.
„Анџелина има густ распоред и многу снимања, па ѝ олесни што Бред можеше да дојде во Рим за да биде со Кнокс и Вивиен за нивниот роденден. Многу ѝ значи што дојде“, открил изворот за Hollywood Life и додаде:
„Таа секогаш се труди да се осигура дека децата и минуваат доволно време со татко им, особено во посебните моменти како што се родендените и празниците. Но, во оваа ситуација беше под голем стрес околу тоа како ќе се организира целата прослава, па тоа што Бред искочи во пресрет и допатува и дојде како големо олеснување“.
„Иако и двајцата по разводот не беа во добри односи, а и меѓусебната комуникација им се влоши, тоа што Бред дојде ја воодушеви Џоли, па таа заборави на сите несогласувања и лошите времиња“, додаде тој.
„Буквално немаа никаков контакт. Сè што се случуваше меѓу нив, па дури и договорите околу децата, идеа преку други лица, бидејќи сè уште водат судска битка. Од друга страна. Џоли сака да ги заштити децата од сè, затоа што сака да имаат здрав однос со татко им, без разлика на тоа што таа го чувствува кон него“, рече изворот.
За потсетување, Бред и Џоли покрај близнаците имаат уште четири деца, Мадокс (20), Пакс (18), Захра (17) и Шијло (16).