Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон се појави во елегантно издание за време на прошталната средба која Мануел ѝ ја приредил на германската канцеларка Ангела Меркел.
Во елегантниот модел на фустан со должина до над колената, Брижит била апсолутно неодолива, па Макрон не можел да се воздржи да не ја бакнува и прегрнува пред сите присутни.
Медиумите пишуваат дека то не се двоел од неа за време на целиот настан. Модните критичари велат дека Брижит била облечена достоинствено и децентно, а истовремено беспрекорно.
Таа носеше мал црн фустан во комбинација со кожен ремен, класични салонки и чанта. Како и секоја Французинка и Брижит носи парчиња кои лесно се комбинираат со друга облека и секогаш знае да изгледа елегантно и шик велат критичарите
За потсетување, Макрон на свеченоста и го подари на Меркел највисокиот орден на Франција, Големиот крст, Легија на честа.
Кога ја испратиле Ангела Меркел, Брижит повторно привлекла внимание со непогрешливиот моден класик, долг крем капут.