Пејачката Бритни Спирс го навлече гневот на фановите со новите објавени голи фотографии. На последната позира во кревет, гола, а градите ги има покриено со рака. Од фановите доби само критики.
„Мораш да престанеш и да размислуваш за оние кои те сакаат и какво влијание ќе има оваа фотографија на нив. Посилна си од ова и семејството те сака. Не мораш да го правиш ова и тажно е што мислиш дека мораш. Некој нека и го земе мобилниот“, биле само некои од коментарите.
Бритни веќе подолго време објавува голи фотографии на социјалните мрежи и ги загрижи фановите. Таа тврди дека сè е во ред со неа и дека нема потреба да се грижат.