(Фото) Бугарската актерка Нина Добрев рекламира парфеми на Диор

(Фото) Бугарската актерка Нина Добрев рекламира парфеми на Диор

пред 3 години

Бугарската актерката Нина Добрев, која се прослави со улогата во серијата „Дневници на вампирите“, стана заштитно лице на новите парфеми на Диор за САД. Таа е моден амбасадор на познатиот бренд од 2019 година, но сега првпат ќе ги рекламира нивните производи во Америка.

Нина последните две години присуствува на нивните ревии во Париз, но и на Канскиот филмски фестивал и на гала настаните во Њујорк како гостин на брендот. Освен што ќе ги рекламира мирисите Maison Christian Dior во САД, таа ќе продолжи да рекламира шминка и производи за нега на кожата за евтропскиот пазар.

 

Глумицата вели дека е воодушевена што го продолжува партнерството со Диор.

„Тоа беше мој сон откога се сеќавам, но реалноста да се приклучам на семејството беше дури и поубава отколку што можев да замислам“, рече таа.

Добрев ќе ги промовира мирисите направени од Франсоа Демачи, креатор на парфеми Кристијан Диор од 2006 година.

Share
Scroll to Top