(Фото) Вера Мештеровиќ привлекува со едноставноста

(Фото) Вера Мештеровиќ привлекува со едноставноста

пред 3 години

Познатата манекенка и првата мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, и денес го носи епитетот за една од најубавите дами кај нас. Овој пат таа објави фотографија на „Инстаграм“, каде што е сосема едноставна, без шминка, со зимска јакна и шолја чај. Многу комплименти за едноставниот изглед без шминка и ботокс, ѝ велат фановите на „Инстаграм“.

Со неа разговаравме во времето на карантинот кога ни откри дека не ѝ било тешко седењето дома, затоа што времето го минувала со децата, синот Андреј и ќерката Јована.

„Времето го поминуваме играјќи разни друштвени игри, на пример, шах затоа што Андреј го обожава, монопол, „Не лути се, човеку“, и карти бидејќи Јована сака табланет. Интересно им е да ми се замешаат во кујната кога правам палачинки, пита, пица, кифли“, ни раскажа Вера тогаш за „Репортер“.

Share
Scroll to Top