(Фото/Видео) Софија Вергара во тесен фустан ги истакна сите облини

(Фото/Видео) Софија Вергара во тесен фустан ги истакна сите облини

пред 2 часа

Актерката Софија Вергара не мора многу да направи за да го привлече вниманието на сите што ја сакаат, а и на оние кои не ја сакаат.

Шармантната Колумбијка имаше дружба со обожаватели во Лос Анџелес, а поводот беше нејзиното учество во жирито на „Америка има талент“.

Јасно е дека сите со нетрпение го очекуваа појавувањето на убавата актерка, а таа се погрижи нејзиното модно издание да ги оправда сите очекувања, исто како неодамна кога им покажа на сите како без промашување да го носат најризичниот дизајн.

Позната по своите раскошни облини, овој пат ги стави во преден план.

Софија за оваа пригода избра провокативен фустан, чиј горен дел беше корсет, па сите гледаа во раскошното деколте. Остатокот од фустанот е направен од проѕирен материјал преку стомакот, додека долниот дел е со светки.

На својот моден изглед додаде сандали на платформа украсени со светки.

Изгледот на Софија Вергара секогаш ќе биде постојана тема, а самата таа нагласува дека е свесна за ова, меѓутоа, честопати велела дека тоа не ѝ помогнало многу во кариерата бидејќи сите секогаш гледале на неа поинаку.

Share
Scroll to Top