(Фото/Видео) Чиста десетка за најдобро облечената жена во светот: Кејт Мидлтон е единствена

(Фото/Видео) Чиста десетка за најдобро облечената жена во светот: Кејт Мидлтон е единствена

пред 15 часа

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон, заедно со нејзиниот сопруг Вилијам и нивните деца, принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис, присуствуваа на велигденската миса и повторно оставија силен впечаток.

Како и обично, секое појавување на убавата принцеза, која неодамна се опорави од рак, го привлекува вниманието на целиот свет, а со оглед на тоа што беше прогласена и за најдобро облечена жена за 2025 година, не е изненадувачки што овој пат нејзината облека беше исто така неверојатна.

Кејт искомбинира кремаст сет составен од подолгo здолниште и тесно сако и малку потемни кафеави чевли.

Остатокот од семејството беше исто така елегантен и стилски, а принцезата Шарлот повторно покажа дека е достоен наследник на нејзината мајка кога станува збор за мода.

Машкиот дел од кралското семејство се одлучи за темно сини костуми и беше расположен и насмеан цело време.

Share
Scroll to Top