Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ повторно се најде во центарот на вниманието, откако накратко објави, а потоа избриша видео на социјалните мрежи во кое се гледа како разменува бакнеж со девојка на брод.
Иако објавата брзо исчезна од неговиот профил, видеото веќе беше зачувано и споделено на повеќе профили на социјалните мрежи, каде што предизвика бројни реакции и шпекулации.
На снимката се гледа како Јозиновиќ лежи на палубата на брод, со главата во скутот на девојка која потоа го бакнува. Како музичка подлога била искористена песната „Рај“ од неговиот прв албум.
По објавувањето на видеото, голем број корисници на социјалните мрежи почнаа да тврдат дека девојката е босанската пејачка Џејла Рамовиќ. На платформата X, каде што беше објавена целосната снимка, дури беше наведено дека „Јаков и Џејла се заедно“.
Уште пред да се појави видеото, на Reddit беа споделувани фотографии од избришаната објава, што отвори дискусија за идентитетот на девојката. Дополнителни сомнежи поттикна и нивната претходна професионална соработка, како и бројните заеднички јавни настапи, поради кои обожавателите и претходно ги поврзуваа.
Сепак, ниту Јаков Јозиновиќ ниту Џејла Рамовиќ досега не се огласија по повод видеото и не ги коментираа шпекулациите што се шират на интернет.
https://x.com/i/status/2071356062737858758
Џејла и претходно истакнувала дека настојува својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста.
„Не се кријам. Сакам некои работи да ги задржам за себе. Објавувам само она што ми одговара и што ме прави среќна“, изјави таа во едно од своите гостувања во емисијата „Ами Г“.
Засега нема официјална потврда дека лицето на видеото навистина е Џејла Рамовиќ, па информациите што кружат на социјалните мрежи остануваат непотврдени.






