Францускиот актер Винсент Касел е во Бразил, каде ужива заедно со 30. години помладата сопруга, француската манекенка Тина Кунаки. Големо внимание привлече атрактивната, 23-годишната Тина Кунаки, која со бел едноделен костим за капење во бразилски крој го шашардиса актерот. Тој среде полна плажа не може да и одолее. Додека му седи во скут, Винсент со мобилен ја слика одзади.
Со нив е и нивната едногодишна ќерка Амазони, но и 10-годишната ќерка на Касел, Леони, која им помага околу помалата сестра.
Винсент Касел ја доби Леони од бракот со Моника Белучи, а тие ја имаат и 16-годишна Дева, која се занимава со манекенство.