Вуди Харелсон со сопругата, Крис Рок со девојка му, Саша Барон Кохен со Исла Фишер, но и основачот на „Металика“ Ларс Улрих, заедно пловеа со чамец низ јадранот.
Тие изминатите неколку дена се на одмор на Јадранот и се возат со јахти, глисери, се бањаат и уживаат во рестораните. Дел од нив беа видени како со чамец одат на вечера во Сплит.
Некои од медиумите пренесоа дека целото друштво во чамецот вреди 652 милиони долари.
Вуди Харелсон е најпознат по улогата Вуди Бојд во шоуто Cheers за кое освои и Еми награда. Се појавува и во филмовите Zombieland, Natural Born Killers и The People vs Larry Flynt. Богатството на Харелсон се проценува на 70 милиони долари.
Неговата сопруга Лора Луи му беше прва асистентка, а потоа започна сопствен бизнис со органска храна и осигура богатство од околу 4 милиони долари.
Комичарот Крис Рок ја посети Хрватска, а друштво му прави неговата нова девојка, глумицата Лејк Бел. Годинава се најде во центарот на внимание на доделувањето на Оскарите, кога глумецот Вил Смит му удри шамар затоа што се пошегува со неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
По скандалот кариерата му тргна во позитивна насока. Неговите настапи се распродадени со недели однапред. Неговото богатство се проценува на 60 милиони долари, а неговата девојка на 3 милиони долари.
Британскиот комичар и глумец од еврејско потекло Саша Барон Кохен, е најпознат по своите сатирични ликови, Али-Џ, Борат, Бруно и Диктаторот. На Јадранот друштво му правеше сопругата, австралиската глумица Исла Фишер. Нивното заедничко богатство изнесува 160 милиони долари.
Основачот и тапанар на групата „Металика“, Ларс Улрих е најбогатиот член од славниот бенд, а наговиот имот се проценува на 350 милиони долари. Тој на летување дојде со неговата девојка Џесика Милер, која има кариера на модел, а нејзиното богатство се проценува на 5 милиони долари.