(Фото) Гола на кревет, Хајди Клум го најави костумот за Ноќ на вешетерките: Затишје пред бура, моето мото е сè или ништо

(Фото) Гола на кревет, Хајди Клум го најави костумот за Ноќ на вешетерките: Затишје пред бура, моето мото е сè или ништо

пред 6 месеци

Кралицата на Ноќта на вештерките, како што ја нарекуваат нејзините обожаватели, и оваа година изненади со нејзиниот косум. Познатата манекенка Хајди Клум е позната по своите оригинални забави, но пред се по своите костими за Ноќта на вештерките, а оваа година своите фанови ги почести со специјална најава.

Лежеше целосно гола на бушава, розова софа, ги покри градите со рацете и во описот на фотографијата што ја сподели на Инстаграм напиша: „Затишје пред бура. Само три дена до Ноќта на вештерките на Хајди. Моето мото за оваа година Ноќта на вештерките е – се или ништо“.

50-годишната убавица навести дека подготвува нешто големо за време на гостувањето во „The Tonight Show“ на Џими Фалон во петок. „Тоа ќе биде нешто големо и ќе морам да затворам неколку улици овде на Менхетен, што, ќе биде многу тешко да се направи“, изјави мистериозната манекенка.

Да потсетиме, минатата година Хајди ги шокираше фановите кога се појави во огромен костим на дождовен црв. Таа ги организира своите забави за Ноќта на вештерките од 2000 година, а нејзините костими се секогаш многу оригинални.

 

Share
Scroll to Top