Додека Скопје се пече на +40 степени, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, избега од горештините. Кошулата ја замени со рамбовка, фармерките со шорцеви, кондурите со влечки – решен да плива во Охрид.
Утринава екипата на „Репортер“ го улови во Лагадин. Со него, го понел и цело семејство, сосе сопруга и деца. Пред да појде на плажа, седна во еден од најпретпознатливите ресторани во овој дел од Охрид.
Вообичаено се јаде традиционална рибја чорба, а што доручкуваше Герасимовски – не знаеме. Интересно беше што ресторанот беше полн, но центарскиот градоначалник не се откажа и до крај ја биеше битката за маса. Иако се беше полно, тој чекаше, двапати разговараше со келнерите, а на еден од нив им го даде и сопствениот телефон на кој претходно разговараше.
Кој беше на линија – непознато. По кратко време, откако се ослбоди маса, седна и Герасимовски со семејството.