Музичката ѕвезда Кети Пери, која се породи пред неполни два месеца, успеа да ja врати старата линија. Таа на „Инстаграм“ објави слики во тесни едноделни панталони кои ја следат линијата на телото и доби комплименти дека изгледа совршено.
Пејачката, пак, се пошегува на своја сметка и се спореди со крава што ја молзат, бидејќи панталоните се со животински принт, а таа напиша дека сè уште го дои бебето.
Кети се породи на крајот на август, а за ќерката го одбра името Дејзи Дав. Ова е нејзино прво дете со вереникот, глумецот Орландо Блум.