(Фото) Дејан Георгиевски ги истетовира македонското знаме и олимпискиот медал од Токио

(Фото) Дејан Георгиевски ги истетовира македонското знаме и олимпискиот медал од Токио

пред 2 години

Дејан Георгиевски олимпискиот вицешампион во таеквондо, кој лани во Токио освои сререн медал, успехот го истетовира и на рамото. Тој го тетовираше македонското знаме, со олимписките кругови и логото на игрите во Токио, во комбинација со медалот кој го освои.

dobivaj vesti na viber

Дејан кога се врати од Токио, во Македонија го дочекаа како херој. За „Репортер“ ни рече дека пречекот од аеродромот до триумфалната капија му биле моменти како на сон.

„Дента пред финалето дури легнав малку и да спијам, бев смирен. Но, тренерот не ми го даваше телефонот за да не сум под притисок од целата онаа поддршка на социјалните мрежи, за што сум посебно благодарен“, открива Дејан.

Сребрениот медал кој го освои тежи 560 грама и рече дека тој е само најава за следната Олимпијада од која очекува злато. За потсетување, деновиве освои и златен медал на турнир во Албанија.

 

Share
Scroll to Top