(Фото) Доли Партон првпат го покажа сопругот по 55 години брак

(Фото) Доли Партон првпат го покажа сопругот по 55 години брак

пред 3 години

Кантри-пејачката Доли Партон (75) првпат објави фотографија со сопругот Карл Дин, со кого е во брак 55 години. Таа никогаш во својата кариера не се појавила со него во јавноста, ниту споделила заедничка слика, поради што со години се пишува дека Доли го измислила и дека воопшто не е мажена.

„Пронајдете партнер кој ќе ве поддржува како што Карл Дин ме поддржува мене“, напиша Партон на сликата на која се млади.

Фановите на Доли не го криеја воодушевувањето од објавата на пејачката.

„Мојот животен план е да бидам како Доли Партон и јавно да не го откривам својот сопруг додека не бидеме 55 години во брак“; „Маестрален потег на Доли Партон“, се само некои од коментарите.

Иако новинарите со децении пробуваат да дознаат информации за сопругот на Партон, таа секогаш вели дека тој е љубовта на нејзиниот живот и не одговара на прашањата поврзани со него.

Share
Scroll to Top