(Фото) Една година по тајната венчавка, Борис Џонсон направи голема свадба на приватен ранч

(Фото) Една година по тајната венчавка, Борис Џонсон направи голема свадба на приватен ранч

пред 2 години

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Сајмондс се венчаа минатата година, на тајна цеременија во Вестминстерската катедрала во Лондон, а сега направија голема свадба на имотот Котсволдс.

dobivaj vesti na viber

Поради пандемијата, на свеченоста присуствувале мал број луѓе. Парот вчера ја прославил својата венчавка, а невестата носела венчаница дизајнирана од Савана Милер, која чини само 25 фунти за изнајмување. 

Прославата била организирана на голем ранч, со бел шатор, а дрвени бурињата служеле како маси. Интересно било што на самиот влез, но и насекаде околу шаторот имало поставено бали со сено.

Многу политичари биле поканети да присуствуваат на забавата. На првата венчавка, минатата година, Кери носела малку поскапа венчаница која ја изнајмила за околу 3.250 илјади денари.

Борис Џонсон веќе има два брака зад себе, а Кери е 24 години помлада од него.

 

Share
Scroll to Top