(Фото) Зоран Џорлев ја избричи брадата: „Жена ти нема да те препознае“

(Фото) Зоран Џорлев ја избричи брадата: „Жена ти нема да те препознае“

пред 3 години

Маестрото на виолина, Зоран Џорлев, го смени имиџот и по долго време ги избричи брадата и мустаќите по кои беше препознатлив. Сликите, Џорлев ги објави на „Фејсбук“ и се пошегува дека не е тој, туку неговиот брат Горан.

„Жена ти Офелија сега нема да те препознае“, „Вака си помлад за едно десет години, да не те видам веќе со брада“, „Зоки, супер изгледаш, многу ме збуни“, „Кога ќе ме сретнеш на улица да ме поздравиш прв, нема да те препознаам“, се дел од коменатрите.

Џорлев во јавноста е познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје, а шест години бил и директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

Share
Scroll to Top