„(Фото) „Изгледаш како вонземјанин“, фановите ја нападнаа Мадона дека претерала со естетските операции

„(Фото) „Изгледаш како вонземјанин“, фановите ја нападнаа Мадона дека претерала со естетските операции

пред 4 години

Фановите ја нападнаа поп кралицата Мадона дека претерала со естетските операции па ѝ порачаа дека изгледа како вонземјанин. Веќе со години се зборува деја 62. годишната пејачка има направено голем број корекции на лицето за да изгледа помладо.

Светски хирурзи тврдат дека таа има направено повеќе од 20 операции. Мадона вели дека својот изглед му го должи на Кабали и дека се ориентира на внатрешната убавина, но, за многумина е тешко да поверуваат дека може да има така совршено заоблечно чело.

„Се чини дека Мадона користи ботокс. Нејзиното чело и подрачје околу очите е неприродно рамно, особено ако се земе во предвид нејзината возраст. Веројатно имала „фејслифтинг“ и трансплантација на масното ткиво.Тоа може да се види по вдлабнатините под очите кои не се така позиционирани на нејзините рамни фотографии“, изјавил пред доктор Ендру Даглас.

Мадона пред неколку дена објавија сет на фотографии на „Инстаграм“, а нејзините пријатели останале шокирани од изгледот на нејзиното лице.

„Што си направила од себе? Ти навистина изгледаш како вонземјанин, ова е престрашно. Не знам како некој може да изгледа вака и да тврди дека никогаш не направил операција. Ја уништи твојата непрепознатливост“, биле некои од коментарите на нејзините пријатели.

Многумина ги коментираа и нејзините очи. Мадона тврди дека тајната е во кремата на доктор Брандт, која е богата со витамините Ц и Е, но и на зелениот чај. Доктор Кан тврди дека сигурно е во прашање естетски зафат, на горниот и долен очек капак.

Тој вели дека забележлива е разликата на сликите на очите, која не може да се постигне без хируршки скалпер. Кан се сомнева дека Мадона користи постојано филери кога е во прашање нејзиното лице. Мадона ги негираше досега сите шпекулации дека направила операции.

„Одвратна ми е помислата дека некој те успива, а потоа со нож почнува да работи на тебе за да те разубави. Мојот изглед го должам на гените и здравиот начин на прехрана“, изјавила Мадона пред две години.

 

 

Share
Scroll to Top