(Фото) Кабинетот на претседателот Пендаровски осветлен во боите на ретките болести

(Фото) Кабинетот на претседателот Пендаровски осветлен во боите на ретките болести

пред 4 години

Во пресрет на Денот на ретките болести, 28 Февруари, кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, беше осветлен во боите на ретките болести.

„Го осветливме кабинетот на претседателот во боите на ретките болести, со што се приклучивме на меѓународната кампања за поддршка на овие лица. Постојано да ја унапредуваме грижата за лицата со ретки болести и нивните семејства. Да ја подигнуваме јавната свест“, стои во пораката на претседателот Пендаровски.

Претходно, во боите на ретките болести беа осветлени и неколку други објекти во државата вклучувајќи ја и Самуиловаа тврдина во Охрид.

Го осветливме Кабинетот на претседателот во боите на ретките болести со што се приклучивме на меѓународната кампања за…

Posted by Stevo Pendarovski on Thursday, February 25, 2021

Share
Scroll to Top