(Фото) Калифорниска двојка чекаа заедно во капела со Бен Афлек и Џенифер Лопез за да се венчаат

(Фото) Калифорниска двојка чекаа заедно во капела со Бен Афлек и Џенифер Лопез за да се венчаат

пред 2 години

Аирика Руиз и Деметриус Висаја чекаа во ред заедно со Џенифер Лопез и Бен Афлек во капела во Лас Вегас за да се венчаат. Двојката ја планирале свадбата уште пред две години, но пандемијата со короната им ги поремети плановите.

dobivaj vesti na viber

Двојката во саботата го славеле роденденот на синот и спонтано отишле до Лас Вегас за да се венчаат.

„Ова беше свадба на нашите животи.

На 22 јули 2022 година, се омажив за љубовта на мојот живот, а до нас беа Џеј Ло и Бен Афлек. Каква спонтана и прекрасна приказна ќе биде ова за нашите семејства. Секогаш ќе се сеќаваме на вас двајцата и на сите идни наши претстојни годишнини. Ова со задоволство го споделивме со вас“, рече Аирика.

Додека чекале на ред за дозвола за брак, Аирика ги видела Бен Афлек и Џенифер Лопез како влегуваат позади нив и одма му кажала на сопругот. Тој на почетокот не ѝ поверувал, сè додека не се свртел. На крајот заедно се сликале.

Share
Scroll to Top