(Фото) Кание Вест во врска со бразилска манекенка

(Фото) Кание Вест во врска со бразилска манекенка

пред 2 години

Откако и официјално се разведе од Ким Кардашијан, американскиот рапер Кание Вест сега е повторно во врска. По кратката авантура со глумицата Џулија Фокс, музичарот овојпат е фатен со бразилската манекенка Џулијана Нала. Папараците неодамна ги снимија заедно.

dobivaj vesti na viber

Џулијана е Бразилка која на „Инстаграм“ ја следат речиси половина милион луѓе. Родена е и израсната во Рио де Жанеиро. На 13 години мајка ѝ ја пуштила во водите на манекенството.

„Мајка ми мѝ помогна да ги остварам моите сништа. Постојано патува со мене низ светот и посетивме бројни манекенкски агенции“, рече Џулијана за светските медиуми и откри дека семејството ѝ е најголемата поддршка која ја добива.

Бројните снимања и овозможија огромен број пријатели на социјалнтие мрежи, а бројката особено порасна откако е видена во друтшво на Вест.

Share
Scroll to Top