(Фото) Капитенот на Англија, Хари Кејн по четврти пат стана татко

(Фото) Капитенот на Англија, Хари Кејн по четврти пат стана татко

пред 8 месеци





Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и играч на Баерн Минхен, Хари Кејн, по четврти пат стана татко. Кејн објави фотографија од синот Хенри Едвард Кејн, за кој рече дека се родил на 20 август.

Бебето се роди во Велика Британија, а Кејн од Германија дојде да биде на породувањето. Фановите му честитаа и му коментираа дека можеби еден ден Хенри ќе игра за Англија како татко му и дека Гордиот албион го добила идниот нов капитен. За потсетување, фудбалерот веќе има две ќерки и еден син.

 






Share
Scroll to Top