(Фото) Кариран фустан-кошула: водечки моден тренд за оваа пролет

(Фото) Кариран фустан-кошула: водечки моден тренд за оваа пролет

пред 4 години

Овој лелеав модел мора да го има секоја дама со стил. Им прилега на жените од сите генерации, а може да се носи и во многу прилики. Одлично ќе изгледа во комбинација со патики, но и со високи штикли.

Станува збор за фустан-кошула, модел кој напролет ќе биде водечки тренд, кога фустаните се во прашање.

Манекенката Криси Тајген демонстрира како овој модел ќе се носи без грешка. Можете да го носите, како неа, на малку полежерен начин или можете да додадете каиш и на тој начин да го истакнете струкот и целата комбинација да ја направите малку поелегантна и поефектна.

Со обѕир на тоа дека фустаните се идеален начин да го олесниме осмислувањето на аутфитите, сигурни сме дека ќе стане вашиот омилен избор во кој ќе се чувствувате удобно, но и модерно.

Share
Scroll to Top