(Фото) Карлеуша на вечера во Истанбул со Душко: На здравје, за човекот кој никогаш не изневерил

(Фото) Карлеуша на вечера во Истанбул со Душко: На здравје, за човекот кој никогаш не изневерил

пред 3 години

Јелена Карлеуша објави фотографија со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, по подолг временски период, откако никој од нив, не објави заедничка фотографија.

Фотографијата од двојката е направена за време на вечера во Истанбул, а Јелена, под неа, напиша долга емотивна порака, посветена на Душко.

„На здравје! На здравје за овој добар, искрен, недопрен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, одличен спортист. На здравје за човекoт кој никогаш не изневерувал, понижувал или засрамил некого. Никој. Никогаш. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади“ напиша Јелена.

„Заради мене. Поточно заради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: ‘Никој не може да те извалка, Душко, нема толку ѓубриња со лоши намери и лаги што можат да го осквернат добриот човек и неговото семејство“, додаде таа.

Денот на вљубените, Душко и Јелена го помина заедно во Истанбул, за време на патувањето во Турција на кое следниот ден беа и на заедничка вечера со нивни пријатели.

 

Share
Scroll to Top