Поп- ѕвездата Каролина Гочева годинава која изминува ја помина како и повеќе музичари, без настапи, без нови песни, всушност онака како налага ситуацијата заради короната. Сепак ова беше добра прилика да се прошета малку повеќе низ туристичките места во Македонија. Овој пат таа заедно со мајка си одмара на Преспанско езеро. Со нив е и Зорица Каранфилова, другарка на Каролина од детството. И оваа фотка наиде на позитивни коментари од фановите на Каролина.