(Фото) Каролина објави на Инста дека ја претркала Ким Кардашијан со стилот уште пред 18 години

(Фото) Каролина објави на Инста дека ја претркала Ким Кардашијан со стилот уште пред 18 години

пред 3 години

Пејачката Каролина Гочева на „Инстаграм“ објави слика од Ким Кардашијан во зелен фустан со корсет во вид на оклоп, кој е сличен на фустанот што таа го носеше на Евровизија во Шведска. „Здраво Ноки“, напиша Каролина на фотката и го тагна дизајнерот Александар Ношпал, кој во 2002 година за неа ја направи креацијата со златен корсет и црвен тул.

Сликата претходно ја објави нејзина обожавателка, извесна Мила Георг, со порака: „Каролина Гочева прва го направи тоа“ и се пошегува дека Ким го имитира стилот на македонската пејачка.

За потсетување, во 1990те години, корсети во овој стил носеше Мадона. Тогаш креациите за неа ги правеше еден од најпознатите француски дизајнери, Жан Пол Готје.

Share
Scroll to Top