(Фото) Катарина на насловната на „Ел“: Ми фалеа ангажманите

(Фото) Катарина на насловната на „Ел“: Ми фалеа ангажманите

пред 4 години

Македонскиот топ-модел, Катарина Ивановска, е на насловната страница на јануарското издание на списанието „Ел“ Србија. И Катарина, како повеќето личности што се занимаваат со јавна професија, заради пандемијата немаше ангажмани, но сликањето за „Ел“ дојде како освежување пред новогодишните празници. За „Репортер“ таа ни откри дека за сликањето ја ангажирала нејзината агенција од Белград.

„Снимав за јануарскиот број на ‘Ел’, во новогодишна атмосфера. Нормално дека многу ми фалеа ангажманите заради пандемијата. Како и сите бизниси, така и модната индустрија е стопирана. Се надевам дека во 2021 година светот ќе почне нормално да функционира“, ни рече Катарина.

Откако пред една година се породи со ќерката Кира, ова е еден од првите модни ангажмани на Катарина.

(А.Г)

 

Share
Scroll to Top