Фолк-пејачот Драган Којиќ – Кеба има вонбрачна ќерка, Ина, која ја добил од врската со текстописецот Љиљана Јевремовиќ. Кеба, кој има две деца од бракот со Оља, синот Игор и ќерката Наташа, никогаш не ја признал вонбрачната ќерка, а ни таа не сака да го запознае својот татко, пишуваат српските медиуми.
Љиљана неодамна откри дека Ина не сака да се сретне со нејзиниот татко. Таа додаде дека е среќна што ќерка ѝ донела таква одлука.
„Никој никогаш не го принудуваше да се однесува така, да бега од своето дете, па сега Ина не сака да го запознае, се цени себеси и смета дека е доцна за што било. Ми рече дека ќе му се јави само ако Кеба умира, за да не биде сурова. Се надевам дека нема да се обиде да му прости, бидејќи навистина го избришавме и многу убаво живееме без него“, изјавила Љиљана за „Блиц“.
Љиљана и пред две години преку „Фејсбук“ кажала дека Ина не го сака таткото во својот живот.
„Мојот херој не го сака татковото презиме или валкана слава, не го сака богатство на татко си, горда и храбра девојка која издржа многу неправди, ги оттргна од грб и продолжува понатаму“, напиша тогаш Љиљана.