(Фото) Ким Кардашијан заради ќерката се скара на Твитер

(Фото) Ким Кардашијан заради ќерката се скара на Твитер

пред 4 години

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан објави фотографија со уметничка слика насликана од нејзината ќерка, Норт Вест, за што твитерџиите ја обвинија дека лаже, дека тоа не е оригинално дело на 7-годишната Норт..

Таа во описот напиша „Мојот малечка Норт е уметник“, но веднаш по објавата се отвори онлајн дебата дали тоа навистина е дело на Норт.

  

На социјалните мрежи брзо почнаа да се шират коментари дали Норт навистина самата ја насликала сликата, која е направена во стил сличен на делата на Боб Рос.

„Треба да одам, но не можам да престанам да размислувам како Норт Вест го наслика ова“, напиша еден корисник на Твитер, чија порака подоцна беше споделена од Ким со блокирано корисничко име.

„Не си играјте со мене кога се во прашање моите деца на сите ќе ви се спротивствавам“, напиша Кардашијан Вест во долг пост. „Ќерка ми и нејзината најдобра пријателка одеа на час по уметност, каде што се поттикнуваат и негуваат нивните таленти и креативност. Тие минуваат седмици работејќи на една единствена слика и се неверојатно горди кога ќе го завршат процесот. Следат одреден пример, но нивните дела се оригинал, почнуваат од празно платно и секое дете има своја интерпретација.“

„Норт работеше со недели неверојатно напорно за да ја заврши својата слика“, продолжи таа. „Како горда мајка, сакав да ја споделам нејзината работа со сите“.

Пријателка на семејството Кардашијан, Трејси Мулос застана на страна на Ким и упати апел до сите што се сомневаат во делото на малата Норт. И таа вели дека девојчињата заедно посетуваат часови по уметничко сликање и дека нивните дела се оригинални.

„Мразам што треба да коментирам, но возрасни личности вложуваат толку многу енергија прашувајќи се дали мојата ќерка и нејзината најдобра пријателка навистина ги нацртале сликите кои ние гордо ги споделивме како родители. Ве молам престанете со негативните критики и коментари околу способноста на моето дете. Луѓето како вас ги спречуваат децата да сонуваат големи соништа и да го постигнат својот целосен потенцијал“, напиша Трејси.

 

Share
Scroll to Top