(Фото) Ким Џонг-ун првпат ја покажа ќерка си во јавност

(Фото) Ким Џонг-ун првпат ја покажа ќерка си во јавност

пред 1 година

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, за првпат ја покажа ќерка му Ју Ае во јавност. Двајцата биле видени на лансирањето на една интерконтинентална балистичка ракета. Со нив била и сопругата на Ким Ју, Ри Сол. Ју. Прв кој откри за ќерката на Ким бил неговиот американски пријател, Денис Родман.

Некогашниот кошаркар на Чикаго Булс, пред неколку години му откри на светот дека лидерот на Северна Кореја има ќерка. Се шпекулира дека Ју е родена во 2013 година и дека е едно од трите деца на Ким и Ри. Најстрото дете наводно го добиле во 2010 година. Засега имињата на другите деца не се познати.

Јавноста многу малку знае за неговото семејство. Голем број аналитичари не можат да одговорат зошто лидерот кој долго време го крие семејството, сега одлучил да ја покаже ќерка му. Некои тврдат дека на тој начин сакал да испрати порака и да покаже дека е семеен човек.

„Ова не е баш семеен излет во Зоолошка градина. Нема сомнеж дека нешто сака да пренесе за својот можен иден наследник“, рече Џон Делури, професор на Универзитетот Јонсеј во Јужна Кореја.

Ким за кого се проценува дека има околу 38 години, е третата генерација на династија која ужива статус на бог во Северна Кореја. Ја презеде власта во 2011 година по ненадејната смрт на неговиот татко Ким Џонг Ил.

Од тогаш постојано се шпекулира за неговото здравје, особено за вишокот тежина, па потоа брзото губење килограми, но и неколкуте мистериозни исчезнувања од јавноста.

Засега не се знае кој е тој кој би го заменил, доколку тој почине. Неговиот првороден син е премлад, а сестра му, иако превзема голем број важни функции и ужива голема моќ во земјата, ќе мора да помине голем број пречки кои владеат во тоа друштво, особено кога се работи за жените на раководните позиции.

Експертите не се сигурно зошто Ким сега ја претстави ќерка му, пред син му, кој по правило, би требало да има предност кога е во прашање стапувањето на власта.

„Ова не е работа на наследување во целост и затоа треба да се замислиме. На пример, вклучувањето на ќерката, може да ја ублажи борбената прирора на ракетните проби. Тоа би требало да имплицира дека Ким не е воен хушкач, туку нормален татко кој се грижи за своите деца, исто како сите други“, рече Делури.

Но, за време на лансирањето, Ким сепак не бил така благ. Американците ги нарече империјалисти и вети дека ќе продолжи со политиката на нуклеарно вооружување. Постојат и такви кои сметаат дека Ким сакал да сигнализира дека е подготвен да ја ублажи нуклеарната програма на долги патеки.

„Можно сака да каже дека нуклеарното ангажирање е повеќегенерациска активност во Северна Кореја“, рече Анкит Панда, експерт за меѓународна безбедност.

Северна Кореја во септември донесе нов закон со кој дополнително се прошируваат нуклеарните планови, а Ким вети дека никогаш нема да се откаже од нуклеарните ракети и дека ќе ги користи како средство за преговарање.

Мајкл Меден од центарот „Стимсон“ во Вашингтон, кој се фокусира на прашањата за севернокорејското лидерство, смета дека Ким сакал да испрати порака дека неговите нуклеарки, но и семејство нема да си заминат никогаш.

„На ќерката ѝ го покажал семејното наследство на кое и самиот Ким му дал голем допринес. Тоа бил и начин за да се задушат било какви амбиции на другите елити во Северна Кореја“, рече Меден.

Еден експерт од „Стимсон“, специјализиран за корејските прашања, Џени Таун, рече дека фотографијата на Ким и неговата ќерка има посебна тежина.

„Укажал дека тоа е и нејзино наследство. Сакале да покажат дека тука ќе бидат долго време и дека во скора иднина немаат намера да се откажат од нивните планови“, рече Таун.

Share
Scroll to Top