(Фото) Концерт за паметење и ѕвездено небо за ДНК во Кочани

(Фото) Концерт за паметење и ѕвездено небо за ДНК во Кочани

пред 1 година

ДНК за Петровден имаа концерт во Кочани. На плоштадот во центарот на градот се собраа илјаници фанови кои уживаа во музиката на Андреј и Панчо.

Градот пулсираше по повод големиот празник. Дојдоа од сите генерации и сите во еден глас ги пееја „Што сака нека биде“, „Навлечен на тебе“, „Ако утре ме нема“, „Полна месечина“, „Горе или доле“, „Авион“.

По концертот рекоа дека енергијата која Андреј и Панчо им ја пренесле ќе ја паметат и чувствуваат уште долго време. Рекоа дека ДНК биле вистинскиот избор и дека направиле одлична забава.

„Ма, каква Цеца, браво за ДНК“, „Браво. Конечно добра македонска група. Некој се сетил дека турбофолкот не е музика за кочанчани. Сепак народот во Кочани има култура, сака библиотека, сака театар, спорт, сака квалитетна музика“, коментираа некои од нив.

За потсетување, ДНК деновиве имаа заеднички настап и со Лозано во Гевгелија, каде беа одлично дочекани, а  на 31 јули ќе настапаат во Охрид.

Share
Scroll to Top