(Фото) Кристина Арнаудова на љубовен состанок со сопругот

(Фото) Кристина Арнаудова на љубовен состанок со сопругот

пред 3 години

Пејачката Кристина Арнаудова и нејзиниот сопруг Александар имаа романтична вечера во еден скопски ресторан. Кристина не криеше дека уживаат сами, без нивните два сина, па на Инстаграм објави слика од љубовниот состанок.

„Повремените љубовни состаноци се тоа што нè држи заедно и нè прави среќни“, напиша пејачката.

Иако не зборува често за приватниот живот, Кристина отсекогаш велеа дека Александар е многу романтичен. Таа пред некое време се пофали дека тој ја изненадил со голем букет без никаква причина.

Share
Scroll to Top