(Фото) Крстиња Тодоровиќ од „Ѕвездите на Гранд“ ослабe 85 килограми: Ова е мојата најголема победа

(Фото) Крстиња Тодоровиќ од „Ѕвездите на Гранд“ ослабe 85 килограми: Ова е мојата најголема победа

пред 3 години

Црногорската пејачка Крстиња Тодоровиќ (24), која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ ослабе околу 85 килограми откако почна да се натпреварува во музичкото шоу. Таа имаше 142 кила пред 3 години, кога првпат се појави во шоуто. Жирито, кое се воодушеви од нејзиниот глас, ѝ рече дека мора да внимава на изгледот и да ослабе ко сака да биде ѕвезда.

Откако намали 85 кила, Крстиња објави слика во бикини на Инстарам.

„Ова е мојата најголема победа“, напиша таа.

Пејачката пред околу една година направи операција и стави прстен на желудникот, па оттогаш почна да слабее и да го менува изгледот.

„Годинава имав разни пресврти на сите полиња. Здравјето ми е на прво место заедно со слабееењето. Се одлучив да направам операција за да го исполнам мојот сон. Пријатно сум изненадена бидејќи не можев ни да се замислам себеси со вита линија“, рече Крстиња во едно скорешно интервју.

 

 

Share
Scroll to Top