Леонардо ди Каприо е фотографиран на јахта во друштво на манекенката Нилам Гил со која летово поминува многу време. Холивудскиот актер моментално ужива во Италија, која ја посетува на јахта.
Деновиве папараците го фатија кога кај Сардинија. На јахтата го придружуваше манекенката Нилам Гил, за која се шпекулираше дека е неговата нова девојка, иако има 28 години – во што фановите на актерот не веруваат, со оглед на тоа дека Дикпарио е познато дека излегува само со девојки помлади од 25 години.
Сепак, манекенката ги прекина ваквите гласини.
„Само да се расчистат сите гласини… Јас не сум новата љубов на Леонардо Дикпари. Всушност, јас сум во сериозна врска со негов добар пријател и тоа веќе неколку месеци. Единствената причина што бевме фотографирани заедно беше тоа што бев таму со мојот партнер. Се надевам дека ова ќе ги расчисти сите лажни приказни“, напиша Гил на Инстаграм.