Поп-пејачката Мадина пак ги објави голите фотографии за кои вели дека „Инстаграм“ и ги избришал без претходно да ја предупреди. Таа обвини за сексизам и јавно праша зошто не им пречат машките брадавици. Таа на најновите фотографии ја покажа својата гола брадавица.
„Повторно ги објавувам фотографиите што ‘Инстаграм’ ми ги отстрани без предупредување или известување. Причината за отстранувањето што им ја кажале на моите менаџери, кои воопшто не управуваат со мојот профил, е тоа што ми беше откриен мал дел од брадавицата“, рече Мадона.
„Благодарна сум што успеав да го одржам здравиот разум во четири децении цензура, сексизам и мизогинија. Ова е совршено во склад со лагите во кои бевме воспитувани – да веруваме во приказните за аџиите што мирно кршеа леб со Индијанците кога дојдоа во Плимут Рок. Господ да ја благослови Америка“, рече таа по што за разлика од претходо овој пат доби голема поддршка од фановите.
„Така е, драга Мадона. Треба да може да ги покажат своите тела“, и напишал еден фан.
За потсетување, кога Мадона првиот пат ги објави фотографиите, многу од нив и напишаа дека треба повеќе да се занимава со правење на квалитетна музика, отколку да објавува голи слики.