Српските пејачки, Цеца и Анастасија Ражнатовиќ вчера за прв пат пееја заедно пред македонската публика и го кренаа Пробиштип на нозе.
Прва на сцената се појави Анастасија и го отвори концертот со „Она мала је ко камен“ , а потоа ги ги отпеа нејзините најголеми хитови, ама пееше и песни од популарната мајка.
Аплауз и овациите за Анастасија уште со првото појавување на сцената, ама публиката буквално падна во транс по највата на Цеца сосе огномет со кој почна концертот на фолк ѕвездата.
„Фала Пробиштип, ми беше мило да настапувам за вас тука. А сега, жена, мајка, кралица, српската мајка, мајката на Балканот, мајка ми Светлана Цеца Ражнатовиќ“, со овие зборови Анастасија го најави настапот фолк ѕвездата.
„Ваздух кои дишем“ беше песната со која Цеца го започна концертот, и се натаму беше делириум во публиката. Се пееше и играше до сто. Ова беше прв настап на Цеца и Анастасија, собраа многубројна публика и имаа концерт за паметење.