Холивудскиот глумец Мајкл Даглас вторпат стана дедо. Тој објави слика на „Инстаграм“ од најстариот син Камерон со неговото семејство, и ги изненади фановите, оти ретко објавува фотки на социјалните мрежи.
„Ви честитам Камерон и Вивиен! Добредојде на свет, Рајдер Т. Даглас, те сакам. Јас сум горд дедо,“ напиша 76-годишниот глумец.
И неговата сопруга, Кетрин Зета-Џонс, им честиташе на Камерон и Вивиен.
„Се роди нов Даглас. Добредојде во светот, Рајдер Т. Даглас“, напиша таа.
Камерон е син на Мајкл од првиот брак. Тој имаше доста проблематичен живот и беше зависник од дрога во раните тинејџерски години. За својата состојба често го обвинуваше татка си, па тие долго време не разговаараа, но се смирија пред неколку години.