Меган Фокс отвори нова страница со платена содржина на платформата Subs.com, преку која на обожавателите им ветува ексклузивни фотографии, видеа и полични моменти од своето секојдневие. Актерката во проектот влегува и како косопственичка на платформата, основана од Тим Стокли, еден од основачите на OnlyFans.
Страницата „meganfox.world“ беше претставена во петок, 9 октомври. Според извор на Page Six, големиот интерес предизвикал технички прекини веднаш по отворањето, а проблемите со пристапот продолжиле во текот на денот.
Новата страница најавува содржини што нема да бидат објавувани на други места, снимки направени директно со нејзиниот телефон, како и можност за комуникација преку пораки.

Фокс сака поголема контрола врз својот имиџ
Во соопштението за новиот проект, 40-годишната актерка ја нагласува важноста жените да имаат сопственост и контрола врз начинот на кој се претставуваат пред јавноста.
„Со децении на жените им се зборува дека видливоста е моќ, додека некој друг ја поседува платформата, публиката или имиџот. Ме интересира што се случува кога жените ги поседуваат сите три“, порача Фокс.

Стокли, пак, истакна дека нејзината улога ќе опфаќа и учество во развојот на платформата.
„Меган стана светски позната пред уметниците да ги имаат алатките за да ја контролираат својата публика и дистрибуцијата на содржините. Таа учествува во одлуките и ни помага да ја градиме платформата“, наведе тој.
https://www.instagram.com/p/DeSHsxmmU_d/?cplk=Z3puNWJjNjU4djJp
Промотивни фотографии и најава на Инстаграм
За промотивната фотосесија, ѕвездата на „Transformers“ и „Jennifer’s Body“ позираше во бела маичка со натпис „smart brunette“, црвен долен дел од бикини и впечатлив ѓердан прилепен до вратот.

Фокс го најави проектот и на Инстаграм, каде што објави фотографии и видеа во металик бикини покрај базен. Објавата ја опиша како „неоноар еротски трилер“ и ги упати следбениците кон линкот во своите приказни.

Новата деловна соработка следува по нејзината неодамнешна кампања за Ro Sparks, лек за еректилна дисфункција. Во рекламата се појави во црвен тесен комбинезон и чевли со високи потпетици, а објасни дека преку хумор сака да придонесе за поотворен разговор за темата и да го намали чувството на срам.






