(Фото) „Ме маѓепса погледот на море“, Емина Јаховиќ го покажа новиот дом во Истанбул

(Фото) „Ме маѓепса погледот на море“, Емина Јаховиќ го покажа новиот дом во Истанбул

пред 3 години

Пејачката Емина Јаховиќ вели дека долго време го уредилаа домот во кој од неодамна се пресели со синовите Јаман и Јавуз. Станот се наоѓа на одлична локација во Истанбул, што било пресудно за пејачката потроши многу пари за него.

Тоа што е посебно важно за неа, е тоа што таа е заштитена од разни погледи и објективи. Емина вели дека не го бирала самата мебелот и дека се консултирала со стручни лица.

„Пред сè морам да нагласам дека локацијата на овој стан беше пресудна, затоа што се наоѓа во близина на многу места кои имам потреба во текот на денот да ги посетам. За разлика од мојата куќа, која е изградена во природа, сега трошам многу помалку време за патување. Ме маѓепса погледот на море. Погледот на Босфор ме смирува и беше пресуден во изборот на ова место. Јас сакам минимализам со доза на елеганција. Мешавината од мермер и дрво како и конбинација од старо и ново. Секогаш имам архитект кој само ја следи мојата линија во која се чувствувам одлично“, вели Емина.

Пејачката вели дека со месеци го бирала мебелот и декорацијата за да сè да биде на свое место. Сепак најмногу време минува во простарниот дневен престој кој е целиот во стакло.

 „Го сакам дневниот престој кој има поглед на море“, откри Емина, која не крие дека станот им се допаднал и на нејзините синови. Таа вели дека сакала да им овозможи простор, комфор и удобност работи кои им биле потребни. Тоа се деца и важно ми беше сè да им биде практично, така што не ми се мешаа многу во уредувањето. Единствен проблем ми беше нивното играње со топка и многупати се случи да ми скршат работи кои ми беа многу значајни, работи кои ги донесов од разни делови на светот. Од мала ги учев да го почитуваат просторот во кој живеат, нешто што сега го практикуваат“, вели Емина.

Пејачката вели дека и сметаат премногу излишни работи и дека многу од нив таа ги подарила. Емина не сакала да експериментира и вели дека не си играла со премногу бои. Просториите се исполнети со беж и светли тонови, кои се разбиени со златни рамки. Станот има пространа кујна и трпезарија кои често се исполнети со гости.

Емина вели дека водела грижа за сè, додека го уредувала станот.

„Ми беше буквално важно секоја ситница. Можам да кажам дека свеќите ми беа еден од најважните детали во станот. Добриот сервис за чување на чашите за секоја можна прилика. Удобните и убави постелнини како и светлината која исто така ми беше важна. Едноставно сè што носи мир и добра енергија“, вели Емина.

Share
Scroll to Top