Пејачката Лиса Џентајл од Њујорк е четвртата жена која го обвини Крис Нот за сексуално злоставување. Таа вели дека тој ја нападнал во 2002 година, кога и понудил да ја однесе дома откако вечерале во еден ресторан.
„Кога дојдовме пред зградата ме праша дали може да влезе. Откако му реков дека немам со што да го понудам, рече дека тоа е океј и дека само сака да види каде живеам“, рече Лиса, која додаде дека откако го пуштила внатре, тој ја нападнал.
„Се обидов да го спречам, но не ми дозволуваше. Ме присилуваше да го допирам“, рече Лиса која на крајот рече дека едвај се ослободила од него.
Нот потоа ја нарекувал со разни погрдни имиња и ѝ се заканил дека ако каже на некого ќе ѝ ја уништи кариерата.
„Се плашев да направам било што. Тој е угледен човек и многу лесно можеше да ми го уништи животот“, рече Лиса.
Двајцата првпат се запознале во 1998 година во еден ресторан.
„Тој беше редовен гостин и добар пријател со сопственикот. Често го гледав затоа што и самата доаѓав со моите пријатели и семејството“, рече Лиса, која додаде дека се охрабрила да зборува сега за нападот, откако претходно се јавиле и други жртви.
„Мислам дека сите заслужуваме да имаме еден момент со господин Нот во судница“, рече Лиса.
За потсетување, откако почнаа обвинувањата за сексуално злоставување, за Крис се затворија голем број врати. Иако тој ги негираше изјавите не жените, глумецот заработил отказ во сериите во кои глумел, а беа повлечени и неговите реклами. Крис изгубил милионски проекти.
Покрај четирите жртви, во јавнос неодамна излезе и забраната која Нот ја добил во 1995 година, да ѝ се доближи на неговата поренешна девојка Беверли Џонсон. Жените кои го обвинија глумецот, ги поддржаа и неговите колешки од серијата „Сексот и градот“.