(Фото) Мини фустан за 50-ти роденден: русокосата актерка не старее

(Фото) Мини фустан за 50-ти роденден: русокосата актерка не старее

пред 2 часа

Актерката Рис Витерспун го прослави својот 50-ти роденден со стил, а нејзиниот син сподели детали од прославата, вклучително и како изгледаше Рис, на социјалните мрежи.

Меѓу гостите беа и нејзините пријателки, а Никол Кидман особено се издвои. Судејќи според фотографиите, Рис се забавуваше одлично цело време, не симна насмевка од лицето, а нејзиното модно издание го привлече вниманието на многумина.

„Среќен роденден на мајка ми. Таа е едноставно најдобра“, напиша нејзиниот син под објавата.

Рис избра бел фустан со светки и реси за нејзината голема прослава, па коментарите за нејзиниот изглед беа неизбежни. Иако зачекори во шестата деценија, актерката сè уште изгледа фантастично.

Нејзиниот поранешен сопруг, Рајан Филип, со кого беше во брак девет години и заедно имаат две деца, исто така коментираше на објавата.

Кратко пред почетокот на прославата, Рис објави неколку фотографии од себе во впечатливи комбинации, а нејзините следбеници ѝ кажаа дека воопшто не остарела.

„Денес полнам 50 години. Само сакав да ви покажам некои од најдобрите моменти. Треба да се смееме секој ден секогаш кога е можно“, напиша Рис под објавата.

Share
Scroll to Top